Јапонскиот парламент го потврди новиот премиер

Долниот дом на јапонскиот парламент го потврди Јошихиде Суга за премиер на Јапонија, по скоро осумгодишното владеење на Шинзо Абе, но Суга ќе формира „влада на континуитет“ и се очекува да задржи околу половина од министрите на Абе.

Фото: ЕПА

Суга (71), долгогодишен лојален соработник и секретар на владата на премиерот во заминување Абе, во понеделникот оствари убедлива победа во владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП). Тој вети дека ќе спроведе голем број од програмите на Абе, вклучувајќи ја и економската стратегија „абеномика“, и дека ќе спроведува реформи за дерегулација и поедноставување на бирократијата.

Абе, премиерот со најдолг мандат во историјата на Јапонија, поднесе оставка поради слабо здравје, откако беше на чело на државата скоро девет години.

Суга доби поддршка од 314 пратеници во долниот дом на парламентот, од вкупно 462 гласачи. Долниот дом на јапонскиот парламент е многу поважен, но се очекува Суга да биде потврден и од горниот дом, во кој неговата партија има мнозинство.

Јапонските медиуми наведуваат дека приближно половина од министрите ќе бидат од владата на Абе и само две жени. Просечната возраст на членовите на владата е 60 години.

Се очекува на функцијата да останат најважните министри, како што се министерката за финансии Таро Асо, министерот за надворешни работи Тошимицу Мотеги, министерот за економија Јасутоши Нишимура и министерот за животна средина Шинџиро Коизуми.

„Тоа е влада на континуитет со големо К“, рече Џеспер Кол, виш советник на Виздом три инвестментс.

Помалиот брат на Абе, Нобуо Киши, најверојатно ќе го добие Министерството за одбрана, додека сегашниот министер за одбрана Таро Коно ќе ја преземе позицијата за спроведување на административните реформи.

Министерството за трговија и индустрија ќе продолжи да го води Хироси Каџијама, син на политичарот што се смета за ментор на Суга. Министерот за здравство во заминување Кацунобу Като, близок сојузник на Суга, се очекува да стане главен секретар на кабинетот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе