Јапонскиот град Осака пред колапс поради последниот бран на ковид-19: Никој веќе не е безбеден

Болниците во вториот по големина град во Јапонија, Осака, се соочуваат со притисокот од големиот бран на нови инфекции на коронавирусот со недостаток на кревети и вентилатори, додека истоштените лекари предупредуваат на „колапс на системот" и се залагаат да не се одржат Олимписките игри летово.

EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Јапонскиот западен регион, каде живеат девет милиони луѓе, е најтешко погоден од четвртиот бран на пандемијата, каде во мај се забележани третина од сите смртни случаи, иако сочинува само седум проценти од јапонското население.

Брзината со која е преплавен здравствениот систем во Осака ги потенцира предизвиците за организирање на голем глобален спортски настан за два месеци, особено во ситуација кога само половина од јапонскиот здравствен персонал е вакциниран со две дози вакцина.

„Едноставно кажано, ова е колапс на здравствениот систем“, рече Јуџи Тохда, директор на универзитетската болница Киндаи во Осака, пренесе Ројтерс.

„Високо инфективната британска варијанта и намалената будност доведоа до овој експлозивен раст на бројот на пациенти“.

Јапонија избегна голем број инфекции како што имаа другите земји, но четвртиот пандемски бран ја погоди Осака каде од неделата до четврток се регистрирани 3.849 нови случаи.

Тоа претставува скок од повеќе од пет пати во однос на периодот пред три месеци.

До четврток, 96 проценти од болничките кревети наменети за сериозно болни биле употребени, додека од март 17 лица починале од ковид-19 надвор од болниците.

Директорот на Универзитетската медицинска и фармацевтска болница (ОМПУХ), Тошијаки Минами, рече дека од новата варијанта може исто така сериозно да заболат и младите кои потоа тешко се опоравуваат.

„Верувам дека до сега многу млади луѓе мислеа дека се непобедливи. Но, овој пат не е така. Секој подеднакво го сноси ризикот“, изјави Минами.

Главната медицинска сестра предупреди дека работата со критично болни пациенти сериозно го погодила персоналот на интензивна нега кој ѝ соопштил дека достигнале пресвртна точка.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе