Јапонски милијардер бара осум луѓе на кои ќе им плати пат до Месечината (ВИДЕО)

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава повика осум луѓе да му се придружат на патување околу Месечината во ракета на Спејсекс на Илон Маск.

EPA-EFE

„Сакам да ми се придружат луѓе од различни групи“, кажа тој во видеото кое, заедно со деталите на пријавувањето го објави на Твитер.

Милијардерот најави дека тој ќе го плати целото патување па сите кои ќе му се придружат ќе летаат бесплатно. Летот е планиран за 2023 година.

Кандидатите кои ќе се пријават мора да исполнуваат два критериуми: треба да напредуваат во „која било активност“ со која се бават „за на некој начин им помогнат на другите луѓе и општеството во целина“, а треба да „бидат спремни да ги поддржат другите членови на екипажот во нивните аспирации“, кажа милијардерот а пренесува Би-би-си.

Маезава богатството го стекнал во модната индустрија, а минатата година сними документарец во кој бараше нова девојка која ќе му се придружи на летот. Проектот на крајот беше откажан поради „измешани чувства“.

Во 2018 година беше најавено дека Маезава ќе биде првиот патник кој ќе лета околу Месечината со Спејсекс.

Цената која ја платил не е објавена, но Илон Маск кажа дека станува збор за „многу пари“.

Мисијата е планирана за 2023 и би требало да биде првото лунарно патување со човечки екипаж уште од 1972 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе