„Тест-објава“

Јапонската телевизија објави дека Северна Кореја испукала ракета, па ја избриша веста

Јапонската телевизија НХК вчера извести дека Северна Кореја лансирала ракета и дека се проценува дека проектилот паднал на околу 2.000 км од брегот на Хокаидо. Но веста набргу потоа беше повлечена.

Погрешната информација за лансирањето ракета националниот радиодифузер на Јапонија ја објави доцна во четвртокот. Неколку минути подоцна објави дека веста е „неточна“, предизвикувајќи уште поголема забуна.

Подоцна истиот ден, НХК објасни дека по грешка била објавена „пробна објава, а не вистински факт“, извинувајќи им се на своите гледачи и на пошироката јавност.

Тајмингот на пробната објава не можеше да биде полош, бидејќи состојбата на корејскиот полуостров останува напната. Пред божиќните празници, Ким Џонг-ун им упати шифрирано предупредување на САД дека ќе добијат потенцијални „божиќни подароци“. 

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе