Јапонска железничка компанија им се извини на патниците за тоа што воз тргнал 20 секунди порано

Железничка компанија во Јапонија им се извини на патниците за тоа што еден од нивните возови тргнал 20 секунди порано, пренесува Би-би-си.

Управата на железничката линија Тсукуба експрес меѓу Токио и градот Тсукуба соопшти дека „искрено се извинува поради тешкотиите што ги предизвикала“.

Железничката компанија објави соопштение во кое истакна дека возот требало да тргне во 09:44:40 по локално време, но тргнал во 09:44:20. Управата додаде дека грешката настанала бидејќи екипажот не го проверил возниот ред.

Компанијата истакна и дека немало жалби од патниците поради пораното тргнување на возот. Јапонија има една од најточните железници во светот и многу ретко се случува возовите да не патуваат во време одредено со распоред.

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе