Јапонија: Присуството на САД во Јужна Кореја е важно за безбедноста на Источна Азија

Присуството на американската војска во Јужна Кореја и заедничките вежби се од витално значење за безбедноста на Источна Азија, изјави јапонскиот министер Ицунори Онодера.

Јапонскиот министер за одбрана ова го изјави по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги прекине „воените игри“ со Северна Кореја.

Онодера додаде дека Јапонија би сакала да ги продолжи заедничките воени вежби со САД.

Тој додаде дека ќе продолжи да се придржува до плановите да ја засили својата одбрана од можен напад со балистички проектили од Северна Кореја, пренесе Си-ен-би-си.

„Решавањето на нуклеарните, ракетни проблеми и киднапирањата се наша конечна цел. Ние би сакале Северна Кореја да направи промени на политиката на видлив начин“, рече Онодера, пренесе Кјодо.

По вчерашниот самит на американскиот и севернокорејскиот лидер Доналд Трамп и Ким Џонг Ун, потпишан е документ за денуклеаризација на Северна Кореја.

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе

Ако Владата е искрена пред нацијата во своите намери да го сочува националното достоинство на македонскиот народ треба да го сподели оригиналниот текст на амандманските интервенции во Уставот.

повеќе

Настрана од прашањето околу името, зачленувањето во НАТО ќе има реперкусии по нашиот животен стандард, реперкусии кои не смееме да ги занемариме, реперкусии поради кои ниту под уставното име не треба да прифатиме зачленување во НАТО.

повеќе