Јапонија ја укинува вонредната состојба поради коронавирусот

Јапонија се очекува денес да ја укине вонредната состојба за своите 39 од 47 префектури, а главниот град Токио е подготвен да ги задржи ограничувањата сè додека карантинот убедливо не покаже дека вирусот се повлекува, пренесуваат локалните медиуми.

EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Третата по големина економија во светот пред еден месец прогласи вонредна состојба, повикувајќи ги граѓаните за 80 проценти да го намалат меѓусебниот контакт за да се забави ширењето на инфекцијата и да се намали притисокот врз медицинските услуги. Владата објави дека ќе ја разгледа ситуацијата кон средината на мај.

Одлуката за вонредна состојба им овозможи на властите да им кажат на луѓето да останат дома и да ги затвораат училиштата и компаниите, но во Јапонија нема казни за непочитување на одлуките.

Премиерот Шинзо Абе се обидува да постигне баланс помеѓу штетата на економијата од долгото исклучување и потребата за сузбивање на вирусот. Владата оваа недела објави дека во својот советодавен одбор за борбата против епидемијата ќе назначи дополнителни четири економисти.

Јапонија има 16.100 потврдени случаи на коронавирус, без случаите на крузерот кој бил во карантин во Јокохама, и 696 смртни случаи.

Јапонија избегна експлозивен раст на зараза каков што се случи во САД и на други места, а по бројот на тестирани е меѓу земјите со најмалку тестирани, со само 188 на 100.000 луѓе тестирани со ПЦР методата, наспроти 3.159 во Италија и 3.044 во Германија.

Најтешко погодениот Токио досега има направено само 50.000 тестови, од кои околу 5.000 биле позитивни.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе