Јапонија: Имаме лек кој значително го скратува времето на опоравување од ковид-19

Јапонската компанија Фуџифилм во средата објави дека нејзиниот лек Авиган, веќе одобрен за тежок грип, овозможил „статистички значајно" намалување на времето на опоравување на пациентите заболени со ковид-19.

Од 156 пациенти вклучени во клиничкото испитување во трета фаза во Јапонија, просечното времетраење на опоравувањето било 11,9 дена за оние лекувани со Авиган и 14,7 дена за оние третирани со плацебо, се вели во соопштението на компанијата.

Крајот на закрепнувањето се одредува кога коронавирусот веќе не се детектира со ПЦР тестовите и биле ублажени или исчезнале другите симптоми како што е температурата.

Клиничкото тестирање било насочено кон пациенти со лесна пневмонија поврзана со ковид-19.

Клиничкото тестирање спроведено од март, сега завршено, не открило никакви нови опасности по здравјето поврзани со земање Авиган, прецизира Фуџифилм.

Компанијата сега ќе спроведе „детална анализа на податоците“ собрани за време на тестирањето и очекува во октомври да поднесе барање за комерцијално одобрување на лекот за ковид-19 во Јапонија.

Лекот Авиган (фавипиравир) во Јапонија е дозволен од 2014 година но само за третман на тешки случаи на грип кога стандардните лекови не биле ефикасни.

Авиган е контраиндициран за бремени жени, бидејќи тестирањата врз животни покажале дека влијае на развојот на фетусот.

Јапонската влада очекува многу од овој лек и побара од Фуџифилм да го зголеми производството и да испорача бесплатни примероци во некои земји што го побарале.

Веќе во мај, Јапонија го одобри лекот Веклури (ремдесивир) на американскиот Гилеад и обезбеди испорака на стотици милиони дози на разни вакцини против ковид-19.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе