Јапонија има план за намалување на зависноста од рускиот гас

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека земјата ќе почне да користи нуклеарни реактори за да помогне во намалувањето на сопствената, но и зависноста на другите земји од руските енергенти.

Фото: ЕПА

Јапонија стана позависна од рускиот гас откако ги затвори сопствените нуклеарни реактори по катастрофата во Фукушима во 2011 година, кога земјотрес и цунами предизвикаа топење на реакторот, предизвикувајќи катастрофа во североисточниот регион.

Но, со избори во јули и зголемувањето на цените на енергијата што ги погодува гласачите, Кишида рече дека нуклеарната енергија ќе биде дел од идната енергетска политика на земјата.

Тој рече дека Јапонија ќе ги прошири изворите од кои се снабдува со енергија, ќе промовира обновлива енергија и ќе користи нуклеарна енергија.

„Ќе ги искористиме нуклеарните реактори со безбедносни гаранции и ќе придонесеме за глобалното намалување на зависноста од руската енергија“, рече Кишида пред публиката во финансискиот кварт на Лондон.

„Работењето на само еден од постоечките нуклеарни реактори би го имал истиот ефект како милион тони нов ЛНГ (течен природен гас) годишно на глобалниот пазар“.

Повеќе од една деценија откако земјотресот и цунамито во март 2011 година ја предизвикаа најголемата нуклеарна криза по Чернобил, нуклеарната енергија останува тешко прашање во Јапонија, каде што во погон се само неколку од околу 30 нуклеарни електрани.

Но, поголемиот дел од јавноста и компаниите сакаат владата да ги рестартира нуклеарните реактори за да обезбеди енергетска безбедност, откако украинската криза и зголемените трошоци за енергија го сменија начинот на размислување.

Кишида во Лондон рече дека земјата има за цел да постигне јаглеродна неутралност до 2050 година и да ги намали емисиите на стакленички гасови за 46 отсто до 2030 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе