Јапонија и Русија сѐ уште ја немаат завршено Втората светска војна (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин му кажа на јапонскиот премиер Шинзо Абе дека јапонските воени врски со САД и многу други прашања го отежнуваат склучувањето на мировниот договор со кој двете земји официјално би ја завршиле Втората светска војна.

Путин ова го кажа на економскиот форум во Владивосток откако Абе побара од него да го решат спорот меѓу двете земји за спорните острови поради кои двете земји досега немаат потпишано мировен договор.

Јапонија тврди дека островите, Јужни Курили на руски односно Северни територии на јапонски, ѝ припаѓаат на неа. Советските сили ги заземаа островите на крајот на Втората светска војна.

Путин кажа дека се надева дека мировен договор би можел да биде потпишан во иднина и дека двете земји конечно би можеле да ги решат своите долгогодишни спорови.

„За жал, постојат воени, одбранбени, безбедносни прашања, што не ни одат во прилог. Мораме да бидеме свесни дека постојат јапоснки обврски кон трети земји, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави“, кажа Путин.

Москва е загрижена поради американските воени системи и бази распоредени на јапонската територија.

Абе претходно ги пофали економските односи меѓу двете земји и кажа дека следниот чекор природно ќе биде потпишување мировен договор, што го смета за нивна „природна мисија“.

„Владимире, да направиме сѐ заедно за постојано да напредуваме додека не ја постигнеме целта“, кажа јапоснкиот премиер.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе