Јапонија ѝ испраќа на Украина заштитна опрема против хемиско оружје

Јапонија ќе ѝ испрати на Украина маски и облека за заштита од хемиско оружје, изјави денеска министерот за одбрана Нобуо Киши.

Фото: ЕПА

Јапонија дополнително ќе испрати извидувачки дронови, а пратките ќе дојдат по барање од Киев, во време на сè поголема загриженост дека Русија ќе искористи хемиско оружје во Украина.

„Продолжуваме да даваме колку што е можно поголема помош за украинската влада“, рече Киши.

Јапонија неодамна ѝ испрати на Украина панцири, шлемови и зимска облека.

Како дел од санкциите наметнати на Москва во Јапонија во вторникот стапи на сила забрана за увоз на 38 производи од Русија, вклучително и вотка и производи од дрво.

Забраната се однесува само на еден процент од увозот од Русија, објави јапонската новинска агенција Кјодо. Токио во моментов соработува со Западот на воведување построги санкции.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе