Јапонија е сѐ постара, бројот на децата е на рекордно ниско ниво

Бројот на децата на возраст под 14 години во Јапонија се намали за околу 190.000, на рекордно ниски 14,9 милиони заклучно со 1 април, според годишните податоци објавени од Министерството за внатрешни работи во вторникот.

EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Ова значи дека бројот на деца во третата по големина светска економија се намалува веќе 40 години по ред. Уделот на деца во вкупното население падна на само 11,9 проценти.

Повеќе од една четвртина од населението во Јапонија е над 65 години.

Со оглед на ниската стапка на наталитет и зголемениот број на стари лица, бројот на жители во Јапонија може да падне од сегашните 127 милиони луѓе на помалку од 100 милиони во 2053 година, покажуваат официјалните проценки.

Позадината на ова е, меѓу другото, трендот кај младите Јапонци што подоцна да се венчаат и се повеќе го одложуваат раѓањето на првото дете.

Во некои сектори на јапонската економија веќе има сериозен недостиг на работна сила, исто така и поради релативно ниската имиграција.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе