Сѐ поголем притисок врз здравството

Јапонците бараат да се прогласи вонредна состојба, премиерот одбива

Јапонската влада ги повика регионите што имаат најголем број заразени со коронавирусот да ги чуваат болничките кревети за тешко заболените и среднотешко заболените и оние без симптоми да ги праќаат дома на домашно лекување или во хотел.

Владата тој потег, кој ја покажува загриженоста поради сѐ поголемиот притисок врз јапонскиот здравствен систем, го повлече откако еден од најугледните бизнисмени, интернет-милијардерот Хироши Микитани, се придружи во апелите до премиерот Шинзо Абе да прогласи вонредна состојба додека се зголемува бројот на заразените.

Досега во Јапонија беа хоспитализирани сите заболени од ковид-19, без оглед на тоа дали се асимптоматски случаи или со благи симптоми. Но во Токио има сѐ помалку кревети, соопштија неделава експертите.

Јапонија до сега беше поштедена од експоненцијален раст на бројот на заболени, како во Европа, САД и други земји, и досега имаше речиси 2.800 заразени и 73 смртни случаи.

Во главниот град беа забележани најголемиот број заразени во земјата, 684, што е малку во однос на 14 милиони жители, но експертите се плашат дека има одреден процент заразени што е невозможно да се откријат.

Агенцијата Кјодо јави дека неколку луѓе што биле на концерт во Токио на 20 март, вклучувајќи го изведувачот, се позитивни на коронавирусот. На крајот на март министерството за здравство идентификуваше 26 жаришта на инфекцијата низ земјата.

По минатонеделните тензии во Токио во однос на тоа дали и кога владата ќе прогласи вонредна состојба, директорот на фирмата Ракутен Микитани денес на Твитер објави дека тој и Масајоши Сон, основачот на технолошката компанија Софтбенк груп, телефонски разговарале колку е Јапонија во „исклучително критична ситуација“.

„Како можете да кажете дека ова не е вонредна ситуација? Господине Абе, ве молам, веднаш прогласете вонредна состојба“, напиша Микитани.

Во меѓувреме гувернерката на Токио Јурико Коике кажа дека приоритет на главниот град ќе биде спасувањето на животите на тешкоболните и ги повика луѓето да останат дома. Таа кажа дека Токио во соработка со владата се труди да обезбеди сместување на заразените луѓе што живеат со семејствата.

Премиерот Абе денес кажа дека се разгледува можноста за користење на сместувањата што биле подготвени за летните Олимписки игри, кои се одложени за една година.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе