Јанша: Среќен роденден, Меланија; Пешиќ: Каков кретен

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, на 26 април на Твитер ѝ го честиташе роденденот на поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп. На твитот брзо се надоврза бившата претседателка на Граѓанскиот сојуз на Србија (ГСС), со зборовите: „Какво кретениште!“.

Фото: ЕПА

Јанша на Твитер кратко напиша „Среќен роденден“ и ја тагна поранешната прва дама на САД, а потоа се огласи Весна Пешиќ. И нејзиниот коментар беше краток: „Какво кретениште!“.

Поранешниот директор на Фондот за отворено општество, Милан Антонијевиќ, ја сподели оваа преписка со опис: „Нон-пејперот на Весна за Јанша“.

Станува збор за документ што неодамна се појави во јавноста, а кој наводно предвидува прекројување на границите на Балканот. Се шпекулира дека зад документот стои словенечкиот премиер Јанез Јанша, а потоа приштинска „Коха диторе“ објави наводен друг „нон-пејпер“, според кој се планира Србија и Косово заемно да се признаат.

Инаку, ова не е првпат Јанша да им се обраќа на членовите на семејството Трамп преку Твитер.

Познато е дека словенечкиот премиер е почитувач на политиката на поранешниот претседател на САД, но и дека Меланија е родена во Словенија. Јанша дури му честита на Доналд Трамп победа на изборите во САД во 2020 година, во време кога уште не беа доброени сите гласови.

„Се чини јасно дека Американците го избраа Доналд Трамп“, напиша тогаш Јанша на Твитер.

Излезе дека словенечкиот премиер прерано му честитал на Трамп затоа што на крајот победи Џо Бајден.

Пред изборите во САД, Јанша процени дека демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден би бил „најслабиот претседател“ во историјата на САД.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Западот може да му послужи на остатокот од светот како изложба на ужасни и очигледно неуспешни идеи, меѓу кои се и комунизмот, фашизмот, нацизмот, феминизмот, анархизмот и, во последно време, либерализмот.

повеќе

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе