Јанша: Некои европски лидери не сакаат да ја шират ЕУ бидејќи така работниците се поевтини

Словенија за време на своето претседавање со Советот на ЕУ се избори во документите повторно да се воведе поимот „перспектива на членството“ во таа интеграција, наместо само „европска перспектива“ за државите на Балканот и европското источно соседство, тврди словенечкиот премиер Јанез Јанша.

EPA-EFE

„Еден од стратегиските успеси е што проширувањето го вративме на маса како еден од клучните стратегиски проекти на ЕУ. Но за тоа беа потребни многу расправи“, кажа Јанша за Словенечката телевизија, зборувајќи за успесите на својата влада, во традиционалното предновогодишно интервју.

„Во тие расправи многу пати кажав дека по сè што доживуваме на истокот и што во последните децении го гледавме на Балканот треба да биде јасно дека ЕУ мора да се шири со што се шири просторот на слободата и благосостојбата. Треба да се ослободиме од илузијата дека нештата ќе се решаваат сами по себе, а ако не се шири ЕУ, ќе се шири некој друг“, кажа Јанша.

Јанша истакна дека на тие состаноци во Брисел постигнал во документите на Европската Унија наместо „европска перспектива“ на европските држави надвор од ЕУ повторно да се внесе „перспектива на членство“, на што според него се противеле и некои од постарите членки, основачки на ЕУ.

Украина, или пак Србија имаат европска перспектива бидејќи се во Европа и секогаш тука ќе останат, но сакаат перспектива на членство, но тоа беше тешко да се напише во документите и за тоа требаше да се избориме, кажа словенечкиот премиер.

„Особено има тука многу опортунизам кога станува збор за Западниот Балкан“, додаде Јанша.

„Еден од европските лидери, нема да му го кажам името, во расправата дури кажа: зошто би ги внеле во Европската Унија, кога вака ни се поевтини како работна сила“, кажа Јанша, додавајќи дека во некои постари членки преовладуваат тесноградоста и „националистичките интереси“ над визијата на слободна, мирна и обединета Европа.

Европскиот проект сè уште не е довршен, а многу земји кои би сакале да станат членки на Европската Унија сè уште не се слободни. Тој проект треба да продолжи, а проширувањето е негов битен елемент, кажа Јанша.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе