Јанша: Ќе му честитам на Бајден кога Трамп ќе признае пораз и ќе бидат прогласени официјалните резултати

Словенскиот премиер Јанез Јанша, кој се избрза веднаш по завршувањето на гласањето да го поздрави успехот на Доналд Трамп на изборите во САД, во понеделникот во парламентот рече дека ќе му честита на идниот претседател на САД само кога резултатите од изборите ќе бидат конечни и официјални.

Фото: ЕПА

Јанша ги отфрли критиките од пратениците на опозицијата дека со својата поддршка на Доналд Трамп, кој на крај загуби на изборите, направи „дипломатска катастрофа“ за Словенија затоа што новата американска администрација ќе ја игнорира неговата влада.

„Изборите се готови кога другата страна ќе го признае поразот или кога ќе бидат објавени официјални резултати, а сè што се кажува пред тоа е политика“, рече Јанша. Тој додаде дека со задоволство ќе му честита на победникот на изборите кога ќе дојде време и дека нема да постапи како оние кои веднаш испратија честитки „следејќи го медиумскиот бран“, но ќе продолжи да постапува според принципот дека треба „да се мисли со своја глава“.

На претседателските избори во САД, демократскиот кандидат Џо Бајден освои повеќе од потребен број на електорски гласови, и сите поголеми медиуми ја објавија неговата победа, која потоа му ја честитаа скоро сите светски лидери. Досегашниот претседател Трамп не го призна поразот, тврдејќи дека имало наводна кражба на гласовите на изборите, што досега не е потврдено со ниту еден валиден доказ. Јанша по самиот крај на изборите, кога пребројувањето на гласовите било далеку од конечно, го поздрави тогашното водство на Трамп како готов факт, додавајќи на Твитер дека Бајден ќе биде „лош претседател“ во време кога и на САД и на светот им треба силно лидерство.

„Словенија негува добри стратешки и партнерски односи со Соединетите Американски Држави, без оглед на тоа која администрација е таму на власт, тоа беше случај во сите влади што ги водев и така ќе остане и во иднина“, рече Јанша во понеделникот, додавајќи дека времето ќе покаже кој бил во право и дека неговите твитови за поддршка на Трамп нема да влијаат на односите со САД.

Пораките на Јанша на социјалните мрежи за време и по изборниот процес во САД се критикувани од претставниците на сите опозициски партии на левицата како нешто што ѝ наштетило на Словенија, не само во односите со САД, туку и во нејзината позиција во Европската унија.

„Со честитањето на Доналд Трамп, кој, меѓу другото, го негира вирусот и одбива да носи маска, Јанша не скара со целиот свет и со Европската унија“, рече Марјан Шарец, претседател на Листа на Марјан Шарец и поранешен премиер, додавајќи дека е нанесена огромна срамота на словенечката надворешна политика.

Одговарајќи на критиките на сметка на владата за управувањето со кризата предизвикани од пандемијата ковид-19, Јанша рече дека владата 80 проценти од своето време и напори ги посветуваат токму на кризата и дека не направила некои поголеми грешки, освен што наесен им дозволила на училиштата да работат без маски. Тој тврди дека вториот бран на епидемијата можел да биде спречен порано без да се наметнат нови мерки и ограничувања доколку покрај владата и епидемиолозите застанале водечките медиуми и опозицијата, што според него не било случај.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе