Јакнење на националистичкиот сојуз

Јанша: ЕУ да му дозволи на Орбан да зборува за иднината на блокот

Словенечкиот премиер Јанез Јанша кажа вчера дека на унгарскиот лидер Виктор Орбан мора да му се овозможи да изразува идеи за иднината на Европската Унија, предупредувајќи дека блокот може „да продолжи да се намалува“ ако ги исклучува луѓето од дебатата.

EPA-EFE

Коментарите на Јанша се уште еден знак на јакнење на сојузот меѓу националистичките лидери на Словенија, Унгарија и Полска, кои ги загрижуваат полибералните членки на ЕУ, оценува Ројтерс.

Орбан на самитот на ЕУ минатата недела се соочи со критики околу унгарскиот закон кој на училиштата им забранува да користат материјал за кој се смета дека промовира хомосексуалност, а францускиот премиер Емануел Макрон зборуваше за „фундаментална поделба на исток и запад“.

Јанша и премиерот на Полска беа единствените лидери на ЕУ кои на самитот го поддржаа Орбан околу ЛГБТ законот, според дипломатски извори. И Јанша, како Орбан, се судира со Брисел околу слободата на медиумите.

„Мислам дека има право да објасни како ја замислува иднината на Европската Унија“, кажа Јанша, чија земја на 1 јули го презема ротирачкото претседателство на ЕУ.

„Ако дебатата за иднината на ЕУ однапред исклучува луѓе, мислам дека ЕУ ќе продолжи да се намалува“, им кажа Јанша на новинарите во Брдо кај Крањ. Тоа, пишува Ројтерс, е индиректна алузија на заминувањето на Британија од блокот минатата година.

Јанша кажа дека мора да се почитуваат разликите меѓу државите на ЕУ кои поттикнуваат од нивните различни традиции и култури.

„Затоа, ако за лицето оценувате врз основа на замислените европски вредности кои секој ги доживува поинаку, и користите двојни стандарди, мислам дека тоа е најбрзиот пат до колапс“, кажа Јанша.

Словенечкиот премиер ја поддржа и Полска во спорот со Европската комисија околу реформата на правосудството која, како што смета Брисел, ја поткопува независноста на полските судии.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе