Јајцата што содржат фипронил откриени во 15 земји на ЕУ, Хонг Конг и Швајцарија

Петнаесет земји на ЕУ, како и Хонг Конг и Швајцарија добија јајца контаминирани со инсектицидот фипронил, вели Европската комисија.

Комисијата ќе одржи состанок со министрите и регулаторите на 26-ти септември.

Шефот за безбедноста на храната ги повика земјите да престанат да се обвинуваат и засрамуваат едни со други, пренесе Би-би-си.

Се појави расправија за тоа колку долго белгиските и холандските власти знаеле за контаминацијата.

Јајцата, кои главно доаѓаат од Холандија, откриено е дека содржат фипронил, супстанца што се користи за убивање вошки и крлежи кај животните што е забранета од ЕУ за употреба во прехранбената индустрија.

Се смета дека е давана за дезинфекција во некои пилешки фарми.

Затворени се фарми во Холандија, Белгија, Германија и Франција, откако властите потврдија дека е употребен фипронил, изјави денес Даниел Росарио портпаролот на Европската комисија.

Земјите од ЕУ кои ги добија јајцата се Велика Британија, Шведска, Австрија, Ирска, Италија, Луксембург, Полска, Романија, Словенија, Словачка и Данска - заедно со Швајцарија која не е членка на ЕУ и Хонг Конг.

Од Агенцијата за храна на Велика Британија соопштија дека околу 700.000 јајца се испратени од потенцијално загадените холандски фарми, повеќе од првичната проценка на 21.000.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе