Јачината на земјотресот во Албанија како три атомски бомби (ФОТО+ВИДЕО)

Според податоците објавени на порталот Вулкан дискавери, земјотресот со јачина од 6,4 степени што ја погоди Албанија, според јачината е еквивалент на 60.000 тони ТНТ експлозив или еквивалент на три атомски бомби.

Албанија од раните утрински часови е потресена од повеќе земјотреси, при што последниот евидентиран е нешто после 14 часот, со јачина од пет степени според Рихтеровата скала, а во меѓувреме се регистрирани дури 40 потреси.

Според најновите податоци, 16 лица го загубија животот во оваа природна катастрофа, од кои две деца.

Нема податоци за тоа колку граѓани се уште се наоѓаат под урнатините, а според последните информации е дека во последните 10 часа се спасени 42 лица.

Најтешко погодени области се Драч и Тумане.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе