Јужна Кореја: Северна Кореја бара укинување на санкциите пред нови преговори за денуклеаризација

Северна Кореја бара укинување на меѓународните санкции со кои ѝ се забранува извоз на метали и увоз на рафинирана нафта и други производи пред нови преговори за денуклеаризација со Соединетите Држави, соопштија во вторникот јужнокорејските пратеници.

Фото: ЕПА

Пјонгјанг, исто така, повика на укинување на санкциите за увоз на луксузни производи, вклучувајќи алкохолни пијалаци и костуми, рекоа пратениците по брифингот со Парк Ји-вон, шеф на јужнокорејската Национална разузнавачка служба (НИС).

Брифингот се одржа една недела откако двете Кореи повторно воспоставија телефонска линија што Северна Кореја ја прекина пред една година.

„Како предуслов за нови преговори, Северна Кореја тврди дека Соединетите Држави треба да дозволат извоз на минерали и увоз на рафинирана нафта и други производи“, изјави за новинарите Ха Тае-кеунг, член на парламентарниот разузнавачки одбор, повикувајќи се на наводите на Парк.

„Прашав кои производи најмногу ги сакаат, и тие рекоа дека во тоа се вклучени луксузни алкохолни пијалаци и костуми, не само за потрошувачката на Ким Џонг Ун, туку и за дистрибуција на елитата на Пјонгјанг“, рече Ха.

Севернокорејските државни медиуми во вторникот не го споменаа новото барање за укинување на санкциите во замена за продолжување на преговорите.

Вашингтон не даде индикации дека е подготвен да ги ублажи санкциите воочи какви било преговори. Американскиот државен секретар Антони Блинкен планира оваа недела да ги покани колегите од југоисточна Азија на виртуелен состанок за целосно спроведување на санкциите против Северна Кореја, изјави во понеделникот портпаролот на американското Министерство за надворешни работи, Нед Прајс.

Прајс во вторникот повтори дека САД се подготвени да се сретнат со Северна Кореја „во било кое време, било каде, без предуслови“, но дека не добиле одговор.

Обединетите нации воведоа широк спектар на санкции против Северна Кореја поради развојот на нуклеарно оружје и балистички ракети. Соединетите Држави и други земји, исто така, воведоа сопствени санкции против Северна Кореја.

Северна Кореја нема тестирано нуклеарно оружје или интерконтинентални балистички ракети од 2017 година, а историската средба меѓу Ким Џон Ун и поранешниот американски претседател Доналд Трамп се одржа во 2018 година.

Трамп потоа се сретна со Ким уште двапати, но не е постигнат напредок во врска со тоа Северна Кореја да се откаже од нуклеарните програми во замена за укинување на санкциите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе