За прв пат

Известувачот на ОН го обвини Израел за апартхејд на окупираните територии

Специјалниот известувач на Обединетите нации Михаел Линк го обвини Израел за апартхејд на окупираните територии, што Тел Авив остро го негира.

EPA-EFE

Њујорк тајмс наведува дека ова е прв пат еден известувач поставен од ОН да ги истражува кршењата на правата на окупираните територии така да ја обвини еврејската држава.

Канадскиот професор по право Линк не ја според директно ситуацијата на окупираните палестински територии со ерата на апартхејдот во Јужна Африка, каде белото малцинство владееше врз црното мнозинство.

Тој, меѓутоа, кажа дека она што се случува одговара на правната дефиниција на апартхејд според меѓународното право.

Двојниот правен систем кој Израел го воспостави на окупираниот Западен брег и во анектираниот источен Ерусалим ја зацврсти доминацијата на Израелците над Палестинците што веќе не може да се објасни со ненамерна последица на привремена окупација.

„На палестинската територија која Израел ја окупираше во 1967 има сега пет милиони Палестинци без држава, кои живеат без права, во акутна состојба на потчинетост и без пат до самоопределување или одржлива независна држава која меѓународната држава повеќе пати ја веруваше како нивно право“, напиша известувачот на ОН.

Тој оцени дека „разликите во условите за живот и правата на државјанство и придобивките се големи, длабоко дискриминирачки и одржувани преку систематска и институционализирана опресија“.

Владата на Израел соопшти дека тврдењата на известувачот на ОН се без основа, контекст и најновите во кампањата на клевети чија цел е да се поткопа правото на постоење на еврејската држава.

Израел и поддржувачите на таа земја подолго време тврдат дека Линк е пристрасен, што тој го негира.

Израелската влада оцени дека не е фер да се обвинува таа земја, имајќи ги предвид заканите кои ги претставуваат вооружените палестински организации на окупираните територии.

„Ниеден извештај за израелско-палестинскиот конфликт не може да се сфати сериозно ако безбедносните предизвици и заканите со кои секојдневно се соочени сите Израелци, вклучувајќи 20 отсто од нееврејското малцинство, не се земени предвид. Ако терористичката организација Хамас, која со железна тупаница владее со Газа, не е ни спомната ни осудена, ако улогата и правните обврски на Палестинската управа кон сопственото население не се исполнети и ако исклучителната комплексност на ситуацијата не е сфатена“, наведе во соопштение министерството за надворешни работи на Израел.

Суштински преговори за завршување на окупацијата нема од 2014 година.

Неколку израелски и други организации дадоа оценки како таа на Линк, вклучувајќи ги Амнести интернешнал и Бецелем, водечката израелска организација за човекови права.

Многу Палестинци го поздравија насочувањето на меѓународното внимание на правата на луѓето на окупираните територии. Амнести интернешнал во февруари први го обвинија Израел за апартхејд.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе