Годишно се „перат“ милијарди евра

Извештај на Европол: Трговијата со дрога е најголемата криминална активности во ЕУ

Најголемите закани за граѓаните од Европската Унија во рамки на организираниот криминал се активностите во трговијата со дрога, луѓе, емигранти, како и онлајн измами, се наведува во извештајот на Европската полициска служба (Европол) со седиште во Хаг.

EPA-EFE

Во извештајот за Проценка на опасноста од сериозен и организиран криминал во ЕУ, кој Европол го објавува секои четири години, се наведува дека речиси 40 отсто од криминалните мрежи активно произведуваат и тргуваат со дрога и дека тоа е и понатаму најголемата криминална активност во ЕУ.

Трговијата со луѓето и експлоатацијата на луѓето, шверцот на емигранти, онлајн и другите измами како и имотниот криминал претставуваат значајни закани за граѓаните на ЕУ, се наведува во извештајот и се додава дека криминалците „перат“ милијарди евра.

Во документот се додава дека криминалците вклучени во сериозен и организиран криминал сè повеќе прибегнуваат кон насилство. Заканата за насилни инциденти е зголемена со честата употреба на огнено оружје или експлозив, се додава во извештајот.

Најновиот извештај детално го опишува дејствувањето на криминалните мрежи во ЕУ и како нивните криминални активности и бизнис пракси се закануваат да ги поткопаат општествата, економијата и институциите и да го нарушат владеењето на законите.

Документот предупредува на потенцијалните долгорочни импликации на пандемијата на коронавирусот и како тие можат да создадат идеални услови за напредување на криминалот во иднина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе