За 15 минути

Изумен тавански детектор на ковид, може да го „намириса“ вирусот во преполна соба

Британски научници развија „ковид-аларм“ што се поставува на таванот и за само 15 минути може да открие дали некој во просторијата е заразен со коронавирусот.

Фото: ЕПА

Британски Тајмс објави дека овој многу прецизен уред, малку поголем од детекторот за чад, може да се користи за скенирање во авионски кабини, училници, пензионерски домови и канцеларии.

Раните студии на научниците од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина и Универзитетот Дурам покажаа дека точноста на уредот е од 98 до 100 проценти, што го прави исто толку сигурен како лабораториските ПЦР-тестови за ковид-19 и значително посигурен од брзите тестови.

Истражувачите нагласуваат дека нивните резултати се во рана фаза и работата допрва треба да ја оценуваат колегите научници.

Детекторот, развиен од Робосаентифик од Кембриџшир, функционира така што детектира хемикалии што ги произведува кожата или се присутни во здивот на заразените со коронавирусот.

Овие „испарливи органски соединенија“ создаваат мирис премногу суптилен за да го почувствува човечкиот нос. Студијата спроведена од истражувачки тим за ковид-детектори покажа дека и кучињата можат да ги мирисаат, но дека детекторот е поточен и попрактичен.

Тајмс вели дека детекторите можат да ги детектираат и заразените со вирусот што допрва треба да развијат симптоми, што го прави детекторот поефикасен од ПЦР-тестовите, кои не се погодни за асимптоматските носители на вирусот.

Потребни се 15 до 30 минути за детекторот да собере примероци од воздухот во голема просторија и веднаш да ги испрати резултатите на мобилен телефон или компјутер.

Сегашната цена на детекторот е околу 5.000 фунти по парче, пишува весникот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе