Израелските војници убија палестинско момче

Израелските војници денеска убија 12-годишен Палестинец во близина на градот Беит Умар кај Хеброн на окупираниот Западен брег, објави палестинското министерство за здравство.

Фото: ЕПА

Според палестинските медиуми, момчето Мухамед ал Алами било погодено во градите додека седело во автомобил со татко си и сестра си на влезот во градот.

Израелските војници викале кон возачот да застане, а потоа бил отворен оган, пренесува Асошиејтед прес.

Момчето во критична состојба било пренесено во болница, каде што им подлегнало на повредите.

Израелските војници синоќа убија 41-годишен Палестинец во окупираниот Западен брег во близина на едно село, честа сцена на судири меѓу палестинските демонстранти и израелските сили во последните недели, пренесува АФП.

Во саботата почина палестински тинејџер ранет претходниот ден во судирите со израелските војници.

Израел го освои Западниот Брег во Шестдневната војна во 1967 година и сега таму живеат 470.000 еврејски доселеници.

Палестинците планираат да основаат своја независна држава на таа територија, која ќе го вклучи појасот Газа, а главен град да биде Источен Ерусалим.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе