Израелските истражувачи предупредуваат на нов бран на коронавирусот предизвикан од сојот делта

Постои реална опасност од нов бран на ковид-19, поради можното враќање на заразата со делта сојот на коронавирус, покажа најновата израелска студија.

Фото: ЕПА

Како што се покажа со испитувањето на канализациониот систем, дури ни за време на кулминацијата на последниот бран на инфекција со сојот омикрон, претходниот сој делта не исчезна, иако тоа се очекуваше врз основа на динамиката на претходните бранови, јавуваат израелските медиуми.

Следејќи ги двата соја, истражувачите заклучиле дека омикрон и потсоевите на омикрон брзо ќе исчезнат, но делта сојот се покажал поотпорен и може повторно да се појави.

„Нашите резултати покажуваат дека пандемијата не е завршена и сугерираат дека порано или подоцна ќе имаме нов бран, можеби во летото или на крајот на летото“, рече професорот Ариел Кушмаро, кој води лабораторијата за тестирање на отпадните води на Универзитетот Бен-Гурион во пустината Негев на југот на Израел.

Тој нагласи дека тоа не се однесува само на Израел и дека делтата сè уште претставува поголема закана отколку што се проценуваше и дека може повторно да се појави во постоечката форма или како нов потсој.

Експертите за ковид-19 рекоа дека рецензираната студија дава јасни податоци за нивните претходни повеќенеделни предупредувања.

Имунологот Јарив Вајн од Универзитетот во Тел Авив оцени дека големото истражување дава наоди што укажуваат дека пандемијата не е завршена и помагаат да се разбере ситуацијата.

Професорот Кушмаро рече дека отпорноста на делта сојот ги изненадила истражувачите бидејќи порано се случувало кога еден сој се шири, други да исчезнат, но тоа не се случило со делта, која има посебна способност да преживее.

Студијата покажа дека делтата сè уште циркулирала и кога омикронот го имало најмногу во отпадните води, а сега се гледа дека омикронот исчезнува, а делтата преживеала и можно е повторно да се појави.

Се очекува делтата да продолжи да циркулира во голема мера неоткриена додека не предизвика бран на болести и можна генерација на нов заканувачки сој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе