Израелскиот Врховен суд го забрани следењето на мобилните телефони на граѓаните поради коронавирусот

Израелскиот Врховен суд ѝ нареди на израелската тајна служба Шин бет, задолжена за заштита на безбедноста на татковината, да престане да ги следи мобилните телефони на граѓаните заразени со новиот коронавирус сè додека не се донесе закон со кој тоа ќе се дозволува.

Законот треба да се донесе „во рок од најмногу неколку недели“, рече судот. Следењето на граѓаните мора да запре од четврток, пресуди судот.

Следењето на граѓаните било одобрено во средината на март со вонредна уредба од кабинетот на техничкиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Во тоа време, биле исполнети критериумите за ангажирање на Шин бет за цели надвор од строго безбедносни, објасни претседателката на Врховниот суд Естер Хејот вклучително и „заштита и промовирање на виталните национални интереси“. Но, сериозниот удар врз уставното право на приватност „не треба да се занемарува“, истакна таа.

Доколку владата го користи Шин бет за да ги следи граѓаните кои не планираат да ѝ наштетат на државата, и тоа без нивна согласност, тоа „предизвикува сериозни тешкотии“, предупреди таа. Мора да се најде соодветна алтернатива што го почитува правото на приватност што е можно поскоро, одлучи таа.

Шин бет ги следел мобилните телефони на заразените со новиот коронавирус за да утврдат со кого биле во контакт пред да бидат дијагностицирани. Директорот на Шин бет Надав Аргаман изјави дека е свесен дека следењето на граѓаните е надвор од „тековните контраразузнавачки активности“ на агенцијата.

Тој вети дека се воспоставени „контролни механизми“ и дека со тоа ќе се бават ограничена група агенти. Главниот државен обвинител Авичаи Манделблит го одобри привременото ангажирање на Шин бет за овие цели, со цел заштита на човечки животи.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе