Израелскиот премиер за нуклеарната програма на Иран: Ги поминаа сите црвени линии

Израелскиот премиер Нафтали Бенер денес кажа дека, што се однесува до „нуклеарната програма“, Иран поприлично ја преминал границата во недозволеното и порача дека Израел нема да му дозволи на Техеран да стекне нуклеарно оружје.

EPA-EFE

Во својот прв говор пред Генералното собрание на ОН, Бенет кажа дека Иран се обидува да стекне доминација над Блискиот Исток под „нуклеарниот чадор“ и повика на посилни меѓународни напори за да се сопрат иранските нуклеарни активности.

„Иранската нуклеарна програма е на пресвртница. Сите црвени линии се поминати, се игнорираат инспекциите. И сето тоа им проаѓа“, кажа Бенет кој во јуни годинава го прекина 12-годишното владеење на Бенјамин Нетанјаху како премиер.

Исто така даде до знаење дека Израел би можел и еднострано да дејствува против Иран.

„Иранската нуклеарна програма е на пресвртница, исто како и нашето трпение. Зборовите не можат да го сопрат вртењето на нуклеарните центрифуги“, кажа Бенет.

Тој побара поостар став кон исламскиот режим во Техеран да заземе особено американскиот претседател Џо Бајден.

Бенет се противи на сите напори на новата американска влада насочени кон враќање во рамката на меѓународниот нуклеарен договор меѓу големите сили и Иран од 2015 година.

За време на мандатот на Доналд Трамп, САД се повлекоа од тој договор во 2018 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе