За да избегнат нови избори

Израелскиот премиер Нетанјаху и ривалот Ганц се согласија да формираат влада на „единство“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постигна договор со ривалот Бени Ганц за формирање „влада на единство“, со што конечно ќе заврши едногодишниот политички ќор-сокак, јавија израелските медиуми.

Десничарската партија Ликуд на Нетанјаху и центристичката либерална партија Сино и бело на Ганц соопштија дека постигнале договор за единство по изборите во септември и во март, на кои ниту една партија не освои доволно големо мнозинство за да формира влада.

Според израелските медиуми, Нетанјаху и Ганц ќе ја вршат позицијата премиер на ротирачка основа. Нетанјаху ќе служи како премиер првите 18 месеци, а потоа Ганц ќе го преземе кормилото наредните 18 месеци.

Двата шефа на партии минатиот месец почнаа разговори за формирање влада, потег што многумина од поддржувачите на Ганц го сметаа за предавство. Водачот на Сино и бело, наводно, во понеделникот наутро имал двочасовна средба со Нетанјаху, во последниот обид да се постигне договор. Додека премиерот со недели го туркаше концептот формирање национална влада за вонредни состојби, Ганц се колебаше за идејата.

Израелскиот претседател Реувен Ривлин минатата недела му ја даде задачата за формирање нова влада на Кнесетот (парламентот), што значеше дека секој пратеник што може да собере 61 потписник може да формира коалициска влада. Ако не се постигнеше договор, Израел ќе се соочеше со уште едни избори за околу 90 дена.

Згора на тоа, Нетанјаху се соочува со повеќе судски случаи на поткуп и измама, при што се очекува неговото судење да почне на 24 мај. Ганц и другите критичари на сегашниот премиер го обвинија дека се обидува да ја искористи кризата со ковид-19 за да го одложи судењето, кое беше првично закажано за 17 март.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе