Израелскиот премиер Нетанјаху и официјално обвинет за корупција

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјахи и формално е обвинет за корупција откако претходно денес го повлече своето барање за парламентарен имунитет.

Нетанјаху во моментот кога израелскиот главен обвинител ја поднесе тужбата во судот во Ерусалим беше во Вашингтон, каде се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп пред објавувањето на долгоочекуваниот мировен план за Блискиот Исток.

Обидот за добивање имунитет од почетокот беше осуден на пропаст бидејчи Нетанјаху нема доволна поддршка од пратениците во парламентот.

Парламентарен имунитет побара на 2 јануари, што автоматски оневозможуваше почнување каков било судски процес, но сѐ уште не се знае кога ќе почне судењето кое би можело да трае со месеци или години.

Освен тоа, израелскиот премиер го чека и борба за политички опстанок на изборите на 2 март, трети во Израел за помалку од година, по неодлучните во април и септември.

Тој денес на Фејсбук објави дека процесот за добивање имунитет во парламентот бил „циркус“ и дека не сака да учествува во таа „валкана игра“.

Нетанјаху во ноември беше обвинет за корупција, а со тоа стана првиот израелски премиер во историјата кој има обвинение против себе.

Тој е обвинет во три случаи, а тврди дека станува збор за обид за државен преврат и го критикува израелското правосудство, тврдејќи дека полицијата врши притисок врз сведоците и дека е жртва на лов на вештерки кој против него го водат медиумите и левицата.

Заедно со сопругата Сара е предмет на правосудството поради незаконско примање подароци од холивудскиот продуцент Амон Милхан и австралискиот милијардер Џејмс Пакер.

Обвинет е и дека со најпродаваниот израелски весник Једиот ахронот договарал донесување закон кој ќе му помогне на тој медиум на штета на останатите, во замена за подобро следење на неговата политика.

Во третиот случај е обвинет дека пружал регулаторни услуги на водечката израелска телекомуникациска компанија Безек телеком за позитивно да пишуваат на интернет порталот на компанијата.

Сето ова се случува во време додека Израел по парламентарните избори не успеа да формира влада па околу една година го води преодна влада.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе