Израелскиот парламент го номинираше Нетанјаху да формира нова влада

Израелскиот парламент го номинираше досегашниот премиер Бенјамин Нетанјаху да формира нова коалициска влада, што ќе биде негов петти мандат по повеќе од една година на политичка пат-позиција.

Кандидатурата на Нетанјаху е поддржана од 72 од вкупно 120 пратеници во Кнесет, откако парламентот усвои предлог закон со кој се прифаќа договорот за поделба на власта меѓу неговата десничарска партија Ликуд и партијата Сино и бело на неговиот центристички ривал Бени Ганц, се вели во заедничкото соопштение на двете партии.

Номинацијата на Нетанјаху проследена е до претседателот Рувен Ривлин.

Нетанјаху и Ганц, кои се натпреваруваа на дури три избори од април 2019 година, а кои не дадоа сигурен победник, планираат свечено да ја преземат власта во среда.

По нивниот договор, Нетанјаху ќе биде премиер 18 месеци, по што Ганц ќе ја преземе должноста.

Ганц долго време се спротивставуваше на тоа да му биде партнер на Нетанјаху, кој е обвинет за корупција.

Минатиот месец, сепак, се предомисли, сметајќи дека е неопходно да се формира влада на национално единство со цел земјата брзо да се справи со економската штета од пандемијата на коронавирусот.

Нивната коалиција доби зелено светло и од Врховниот суд, кој во средата ги отфрли тужбите на опозицијата и активистите и пресуди дека Нетанјаху може да формира нова влада, иако е обвинет за мито, измама и кршење на довербата.

Нетанјаху (70) ги отфрла сите обвиненија во очекување на судењето што треба да започне на 24 мај.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе