„Не гледам причина да го повлечеме признавањето“

Израелскиот амбасадор во Србија: Косово го признавме под американски притисок

Израелскиот амбасадор во Србија Јахел Вилан изјави денес дека Израел го признал Косово под притисок на САД, во рамки на договорот на Србија и Косово со Америка.

EPA-EFE

„Одлуката на Израел да го признае Косово е донесена под американски притисок, инаку да не заборавиме дека тоа е направено во рамки на договорот на Србија и Косово со Америка, а не со нас, со Израел. Не се обидувам да се кријам зад тоа, таа одлука ја донесе Израел по многу години во текот на кои не го признавме Косово. Тоа е дефинитивно против нашите интереси во Србија, тоа е против моите интереси“, кажа Вилан за ТВ Прва.

„На прашањето дали Израел би можел да ја ревидира одлуката за признавање на Косово, амбасадорот кажа дека не гледа причина Израел да го повлече тоа признавање.

„Не би сакал да оставам простор за каков било оптимизам за јавноста во Србија без добра причина. Јас во моментов не го гледам тоа. Договорот е постигнат. Израел го призна Косово, а Косово ќе ја премести амбасадата во Ерусалим. Тоа е исполнето и не гледам причина Израел да го повлече своето признавање на Косово сè додека двете страни ги исполнуваат своите обврски“, кажа Вилан.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе