Локалците гневни

Израелски војници со булдожер влечкале тело на убиен Палестинец (ВИДЕО)

Израелски војници што убиле Палестинец осомничен дека поставувал експлозив во близина на гранична ограда не се ни обиделе со раце да го отстранат неговото тело, туку употребиле булдожер. Ова го разгневи локалното население.

Осомничениот напаѓач денеска бил застрелан близу гранична ограда на јужниот раб на Појасот Газа. Израелските одбранбени сили (ИДФ) се пофалија со веста, објавувајќи и видео од човекот и неговиот соучесник на кое наводно тие поставуваат експлозивна направа.

„Не е првпат. Не е вторпат. Третпат овие исламистички џихадистички терористи во Газа се обидоа да постават експлозиви по безбедносната ограда на Израел. Се осигуривме дека ова им е последен пат“, гласеше твитот на војската.

Судирите како овој се случуваат често на границата, но не и она што се случило потоа.

По инцидентот, на социјалните медиуми се појави вознемирувачко видео од Газа, на кое се гледа како вооружен воен булдожер се приближува кон телото, додека група млади, видно невооружени мажи се обидуваат да го земат мртвото тело.

Палестинците бегаат и се распрснуваат, а потоа булдожерот - придружуван од борбен тенк Меркава - го крева безживотното тело и го одвлекува.

Подоцна ИДФ потврди дека оклопното возило било испратено да го земе телото. „По успешното спречување на нападот во близина на оградата на Појасот Газа рано утрово, булдожер на ИДФ (Израелските одбранбени сили) го зеде телото на еден од напаѓачите“, изјави воениот портпарол за Франс прес.

По пукањето, голем број Палестинци се собрале на местото на настанот, палејќи гуми и изразувајќи бес од начинот на кој ИДФ постапувале со телото.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе