Израелски воени авиони нападнаа палестинска база во Либан

Израелски воени авиони нападнаа палестинска база во источен Либан, во близина на границата со Сирија, рано во понеделникот, во услови на зголемени тензии на Блискиот исток, објави либанската државна Национална новинска агенција.

Нападот следи еден ден по уривањето на наводен израелски дрон во база на Хезболах во јужен Бејрут, додека друг експлодирал и се срушил во близина.

Во извештајот на агенцијата се вели дека во неделата по полноќ имало три напади, на неколку минути раздалеченост, на база на групата подржана од Сирија, позната како Популарен фронт за Ослободување на Палестина - генерална команда, сојузник на либанската милитантна група Хезболах, пренесе АП.

Израел веднаш не коментирал за нападот, за кој агенцијата рече дека удрил во близина на селото Кусаја во источна Бекаја вели. Воздушните напади на Израел против палестинските фракции во Либан, како овој, во изминатите години биле ретки.

Лидерот на Хезболах, Хасан Насралах во неделата рече дека неговата група од сега ќе се спротивставува и ќе ги собори сите израелски дронови кои влегуваат во либанскиот воздушен простор, зголемувајќи го потенцијалот за конфликт во услови на зголемени регионални тензии.

Насралах, исто така, вети дека ќе се одмазди и за израелскиот воздушен напад во Сирија, што се случи доцна во саботата, за кој рече дека убил двајца членови на Хезболах.

Тој рече дека дозволувањето на Израел да лета дронови над Либан, ќе доведе до слична ситуација како во Ирак, каде серија напади таму, насочени кон воени бази и складишта со оружје на шиитските милиции поддржани од Иран, ја доведоа земјата до раб. Американските власти соопштија дека барем еден од воздушните напади на милицијата во Ирак е извршен од Израел.

Во нападите од саботата во близина на сирискиот главен град Дамаск, Израел јавно изјави дека спречува непосреден напад на беспилотно летало против Израел од страна на Иранската револуционерна гарда.

Либанската новинска агенција исто така објави дека израелски дронови прелетале над делови од јужен Либан во понеделникот.

Хезболах и Израел во 2006 година се бореле во едномесечна војна. Нестабилната граница меѓу двете земји, кои технички останале во воена состојба, е главно мирна од тој конфликт.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе