Израелски ракети ја погодија зградата на просториите на АП и Ал џезира (ВИДЕО)

Израел во воздушен напад во Газа ја уништи кулата ал-Џалаа, во која се наоѓаа канцелариите на катарската телевизија Ал џезира и агенцијата Асошиејтед прес.

Фото: ЕПА

Нападот беше најавен и израелската армија им даде на медиумските работници еден час да ја евакуираат зградата.

12-катната зграда во Газа, во која се наоѓаа канцелариите на Асошиејтед прес и Ал џезира, се сруши откако беше погодена од израелски ракети, пренесува Ројтерс.

Сопственикот на зградата бил претходно предупреден, па зградата била евакуирана.

Во зградата има станови и деловни простории.

„Откако претходно беа предупредени цивилите и откако беше дадено време за евакуација, борбените авиони на ИДФ ја погодија повеќекатницата зграда каде што се наоѓаше воената разузнавачка опрема на Хамас. Во зградата се наоѓаа канцеларии на цивилни медиуми, зад кои се крие Хамас и намерно ги користи како жив штит “, напишаа Израелските одбранбени сили (ИД) во објава на Твитер.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе