Израелски министер: Ние сме единствената земја што убива Иранци

Израелскиот министер за регионална соработка Цачи Ханегби денеска рече дека Израел е единствената земја во светот што „убива Иранци“.

Ханегби, во радиоинтервју, одговори негативно на прашањето дали Израел треба да биде загрижен за „претпазливиот“ одговор на администрацијата на Трамп во врска со спорот меѓу Иран и Велика Британија, која, како и Израел, му е силен сојузник на Вашингтон.

„Веќе две години Израел е единствената земја во светот што ги убива Иранците“, рече министерот. „Ние стотици пати ги погодивме Иранците во Сирија. Понекогаш тоа го признаваат, понекогаш странските публикации ја откриваат работата, понекогаш министерот, понекогаш и шефот на кабинетот. Но сè е координирана политика.“

„Иранците имаат многу ограничени реакции, и не затоа што немаат капацитет, туку затоа што разбираат дека за Израел ова е бизнис“, изјави Ханегби. „Ние сме многу цврсти за прашањата на националната безбедност“.

Минатата недела премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека „единствената армија во светот што се бори против Иран е израелската армија“.

Израелската војска призна дека извршила стотици воздушни напади во Сирија во последниве години, врз цели поврзани со Иран, кој го поддржува режимот на претседателот Башар Асад во сириската граѓанска војна. Израел во неколку наврати изјави дека нема да дозволи Иран, или неговите шиитски сојузници, да воспостават постојано присуство во поствоена Сирија.

По зголемувањето на тензиите, главниот ривал на Иран, Саудиска Арабија, соопшти дека повторно ќе прими американски војници заради зајакнување на регионалната безбедност.

Пентагон рече дека испраќањето војници „ја зацврстува нашата способност да ги браниме нашите сили и интереси во регионот од неочекувани, веродостојни закани“.

Американската војска, исто така, рече дека патролните авиони го следат теснецот и најавија „мултинационални поморски напори“ за да се обезбеди слобода на пловењето на клучните рути.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе