„Нашата поддршка на Украина не вклучува и нема да вклучува испраќање какво било вооружување. Тој став нема да се смени“, кажа Саар за израелското воено радио еден ден откако израелската влада одбила телефонски разговор на украинскиот и израелскиот министер за одбрана.
Шаи во неделата кажа дека Израел мора да ѝ помогне на Украина бидејќи Иран ѝ испраќа на Русија балистички проектили. Иран тие тврдења ги демантираше, а поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев кажа дека испраќањето оружје на Украина би ги уништило дипломатските односи на Израел и Русија.
Киев веќе подолго време бара Израел да му испрати систем за противвоздушна одбрана, а украинскиот претседател Володимир Зеленски минатиот месец на француски новинари им кажа дека е шокиран од одбивањата на Тел Авив. Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба изјави вчера дека владата повторно од Израел ќе бара вооружување, а израелските медиуми пишуваат дека средба или разговор би можел да се случи во четврток.