Израелски хеликоптери нападнале позиции на сириската војска на Голанската висорамнина

Израелската војска соопшти дека нејзини хеликоптери нападнале позиции на сириската војска како одмазда на минофрлачкиот оган на израелскиот дел од Голанската висорамнина.

EPA-EFE/ATEF SAFADI

„Неколку цели се погодени, вклучувајќи ги и набљудувачницата на САФ (сириската војска) и системите за собирање разузнавачки податоци во базите на САФ“, соопшти израелската војска.

Сириската државна новинска агенција САНА ја пренесе изјавата на воен извор дека израелски хеликоптери пукале со противтенковски проектили на три позиции во јужна Сирија, при што повредени се две лица и предизвикани се шумски пожари.

Нападот се случил неколку часа откако израелската војска објави дека од сирискиот дел на Голан се слушнале минофрлачки гранати. Нема извештаи за жртви, но една зграда и возило на израелската војска се оштетени, соопшти Израел.

Тензиите на израелско-сириската граница оваа недела се зголемени откако во понеделникот, како што се верува, во израелски напад на периферијата на Дамаск е убиен борец на либански Хезболах, шиитска организација поддржана од Иран.

Израелската војска соопшти дека оттогаш ги засилила своите сили на северот каде што Израел граничи со Либан и Сирија.

Лидерот на Хезболах, Сајед Хасан Насралах по убиството на двајца припадници на Хезболах во август минатата година во Дамаск , вети дека воено ќе одговори ако Израел убие некој друг од неговите борци во Сирија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ATEF SAFADI

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе