Израелски борбени авиони ја урнаа највисоката зграда во градот Газа (ВИДЕО)

Израелски борбени авиони ја урнаа денес кулата Ал шурук во градот Газа, откако повеќе пати ги предупредиле станарите да се евакуираат.

EPA-EFE

Како што јавува Асошиејтед прес тоа е највисоката висококатница во тој град, а израелските медиуми потсетуваат дека тоа е третата висока зграда која Израел ја урнал од понеделникот вечерта, кога почна судирот со исламистичкиот Хамас кој владее со појасот Газа.

Израел тврди дека во таквите згради се канцелариите на командантите на палестинските екстремистички организации.

Медиумите во Газа наведоа дека на чуварот на зградата му било кажано станарите да се евакуираат и дека имало и други предупредувања на претстојниот напад.

Израел таа тактика ја вика „чукање на покрив“, а користи неексплозивни проектили кои ги фрла на зградата за да ги предупреди станатите да ја напуштат пред да бидат фрлени бомби да ја уништат.

Денешното уривање на зградата од десет ката претставува нова ескалација на насилствата, имајќи предвид дека синоќа по рушењето на една дваесеткатница почна палестинското баражно ракетирање на централен Израел, вклучувајќи го Тел Авив.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе