Израелски борбени авиони за прв пат во историјата слетаа во Германија (ФОТО+ВИДЕО)

Борбени авиони на израелските водушни сили во понеделникот за прв пат во историјата слетаа во Германија, воочи годишнината од масакрот на израелските спортисти на Олимпијадата во Минхен во 1972 година и заедничката германско-израелска воена вежба.

Фото: Твитер

„Шест авиони Ф-16 ќе учествуваат на вежбите Блувингс2020 и Магдеј во текот на следните две недели“, објавија германските воздухопловни сили на Твитер.

Германски и израелски авиони ќе летаат во вторник над воздухопловната база Фуерстенфелдбрук, каде во 1972 година припадници на палестинската терористичка организација „Црн септември" убија девет израелски спортисти кои учествуваа на Олимписките игри во Минхен.

„Црн септември" вкупно уби 11 израелски спортисти.

„Авионите на враќање минуваат над делот од областа Дахау. Потоа германско-израелската делегација ќе положи венец во меморијалниот центар на концентрациониот логор и ќе ги одбележи жртвите на холокаустот и тиранијата на националсоцијализмот", објавија минатата недела германските воздушни сили.

За време на Втората светска војна повеќе од 200.000 луѓе биле затворени во логорот Дахау, во близина на Минхен, а 41.500 затвореници биле убиени, според веб-страницата на меморијалниот центар.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе