Гаѓани се, меѓу другото, и погон за производство на ракети и пунктови за обука кои му припаѓаат на Хамас, екстремистичката организација која владее со Газа, соопшти израелската војска.
Палестинските медиуми јавија дека на истокот на Газа Сити се искршени прозорци, а нема извештаи за жртви.
Во петокот вечерта беа испукани ракети на израелскиот град Ашкелон на брегот на Средоземното Море, но ги пресретна израелската противвоздушна одбрана и ниедна организација не презема одговорност за ракетирањето со кое е прекинато повеќемесечното затишје.
#Merry #Christmas from #Gaza 😦💔 pic.twitter.com/ImqubAqQlW
— Salah A. Ashour (@SalahAAshour1) December 26, 2020
Ракетните напади и израелската артилериска и воздушна одмазда се чести, но поприлично проретчија во последните месеци поради пандемијата на коронавирусот на двете страни.
Хамас три пати војуваше со Израел, а помали конфликти има безброј.
Исламистичката организација сега главно го почитува неофицијалниот прекин на огнот со Израел.
Хамас, меѓутоа, го обвинува Израел дека не ги почитува обврските врз основа на примирјето кои вклучуваат ублажување на парализирачката блокада на палестинската енклава и дозвола да почнат големи инфраструктурни проекти.