Израелски авиони ја гаѓаа Сирија, загинаа десет луѓе (ВИДЕО)

Израелската војска објави дека нејзините авиони гаѓале воени цели во Сирија, откако беа испукани ракети на Голанската висорамнина. Сириските државни медиуми објавија дека тројца војници се убиени, додека Сириската опсерваторија за човекови права пренесе дека 10 луѓе се убиени, од кои седуммина Иранци и припадници на либански Хезболах.

Ова е втор пат во изминатата недела да се засилат воените тензии меѓу двете земји.

Сириската телевизија јави за силни експлозии во близина на Дамаск утрово и пренесе дека сириската противвоздушна одбрана „се судри со непријателот“.

Израелската армија потврди дека ги гаѓала сириската артилерија и единиците за противвоздушна одбрана во знак на одмазда за испукувањето две ракети на Голанската висорамнина во саботата, која е под израелска окупација.

Портпаролката на израелската армија соопшти дека сè уште е нејасно кој ги испукал овие проектили, но Израел смета дека сириската војска е одговорна за секој напад што доаѓа од сириска територија.

„Нема да толерираме ниеден напад врз нашата територија и ќе реагираме со голема сила за секоја агресија врз нас“, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелската армија во понеделникот соопшти дека ги нападнала сириските противвоздушни позиции што гаѓале израелски борбени авиони, а сириските медиуми објавија дека тогаш бил убиен сириски војник.

Изминативе години Израел спроведе стотици напади во Сирија врз непријателските сили на Иран и Хезболах, кои ги смета за најголема закана за своите граници.

Иран и Хезболах се борат на страната на сирискиот претседател Башар ал Асад во сириската војна и Израел соопшти дека се обидуваат да ја претворат Сирија во нов фронт против Израел.

Сирија ја загуби Голанската висорамнина во 1967 година во војната во која Израел ја окупира таа територија.

Израел подоцна ја анектираше оваа област во потег што не е признаен од поголем дел од меѓународната заедница, освен од САД.

Претседателот Доналд Трамп во март објави дека САД го признаваат суверенитетот на Израел над Голанската висорамнина.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе