Израелски авиони го нападнаа појасот Газа

Израелската армија доцна синоќа изврши воздушни напади врз Појасот Газа како одмазда за запаливите балони пуштени од таа палестинска територија што предизвикаа најмалку девет пожари во јужен Израел.

Фото: ЕПА

Во военото соопштение се наведува дека била погодена фабрика за оружје на Хамас во Кан Јунис во јужниот дел на појасот, влез во тунел во Џабалија и подземен ракетен фрлач во густо населена населба во градот Газа.

Нема извештаи за жртви од нападот, но причинета е материјална штета, а борците на Хамас отвориле оган врз авионите, изјавија за АФП анонимни палестински извори.

Армијата подоцна соопшти дека друг влез во тунелот бил погоден кога авионите биле подложени на оган, објавија израелските медиуми.

Официјален претставник на исламскиот екстремистички Хамас, кој владее во Газа, Исмаил Радван, ги осуди израелските воздушни напади, оценувајќи дека тоа „само ќе ја зголеми решеноста за враќање на правата на Палестинците“.

Во понеделникот вечерта, пред одмаздата, израелскиот ТВ Канал 12 јави дека израелскиот безбедносен естаблишмент верува дека повторно ќе избувне голем конфликт во Газа меѓу Израел и Хамас.

Еден официјален претставник рече дека Хамас се обидува да го зголеми притисокот врз Израел со обновување на протестите на границата и пуштање запаливи балони, и дека претстои уште една војна меѓу израелската армија и палестинските екстремистички организации.

Доколку протестите се обноват, Израел ќе биде принуден да одговори посилно за да ги оддалечи демонстрантите од безбедносните огради, а тоа најверојатно ќе доведе до жртви од палестинската страна, на што Хамас ќе одговори, изјави анонимниот официјален претставник.

Тензиите се зголемија долж појасот Газа во последните денови, главно поради барањето на Хамас Израел да дозволи испорака на стоки и финансиска помош во осиромашената област.

Минатата недела беше постигнат индиректен договор за финансиска помош, а Катар и ОН објавија дека воспоставиле нов механизам за трансфер на пари, кој, како што рече министерот за одбрана на Израел, Бени Ганц, ќе спречи да падне во рацете на Хамас.

Вчера, сепак, палестинските екстремистички организации објавија дека веќе в среда ќе продолжат со демонстрациите и дека демонстрантите од јужниот дел на Појасот Газа ќе бидат донесени со автобуси.

Слични протести беа организирани на границата со Газа во саботата, кои прераснаа во насилство кога стотици бунтовници притрчаа кон безбедносната ограда.

Во судирите беа ранети 41 Палестинец, меѓу кои и 13-годишно момче, кое доби повреди опасни по живот. На израелска страна, еден граничен полицаец беше тешко ранет од куршум од пиштол.

Израел и Хамас четири пати војуваа откако организацијата насилно ја презеде контролата врз Газа во 2007 година од поумерениот ривал Фатах.

Четвртата војна изби на 10 мај и траеше 11 дена, а заврши со прекин на огнот со посредство на Египет.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе