Проверуваат од каде полетал дронот

Израелската војска соборила беспилотно летало, Хамас се обидува да нападне и со подводни дронови

Израелската војска соопшти денес дека соборила беспилотно летало кое се приближило до северната граница на Израел.

EPA-EFE

Ова е седми таков обид од 10 мај кога почна новиот конфликт на Израел со палестински Хамас во појасот Газа.

Израел проверува дали дронот полетал од Сирија или од Јордан.

Силите на палестинскиот исламистички Хамас повеќе пати лансираа дронови од Газа, а еден полн со експлозив падна во саботата на палестинска територија и уби двајца екстремисти, пренесуваат израелските медиуми.

Неколку дрона пресретнал израелскиот противвоздушен систем Железна купола кој претходно не беше нагоден да ги соборува тие летала.

Хамас се обидува да изведе напади и со подводни дронови, а во понеделникот израелската војска објави дека спречила еден таков напад – со подморница управувана од далечина да се нападнат израелски бродови.

Портпаролот на израелската војска кажа дека подморницата испловила од брегот на Средоземното Море и дека се спуштила неколку метри во морето, насочена кон израелскиот брег или воените бродови.

Хамас наводно во тие подморници, или подводни дронови, става по 30 килограми експлозив. Иако штетата од тоа не би била голема, би му овозможила на Хамас да прогласи успех.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе