Израелската полиција препорача Нетанјаху да биде обвинет за поткуп во два случаи

„Случај 1.000“ тврди дека Нетанјаху добил раскошни подароци од богати бизнисмени, а за возврат давал политички услуги. Во „случај 2.000“ е осомничен дека правел „мило за драго“ со издавач на израелски дневник, објави Хаарец.

Израелската полиција ќе препорача обвинение за премиерот Бенјамин Нетанјаху во две истраги за корупција.

Двата случаи се т.н. Случај 1.000 - во кој Нетанјаху е осомничен за прифаќање раскошни подароци од богати добродетели за да им посвети внимание на нивните интереси - и Случај 2.000, во кој се тврди дека Нетанјаху се обидел да постигне договор со вториот по големина весник во Израел, Једиот Ахронот, да пишува позитивно за него, а негативно за неговиот ривал, Израел Хајом.

Нетанјаху денеска ќе ѝ се обрати на јавноста во живо.

Тој тврди дека не направил ништо лошо, во повеќе наврати велејќи дека „нема да има ништо, бидејќи нема ништо“.

Во деновите пред препораките на полицијата, Нетанјаху искажа отворен сомнеж во интегритетот на полицискиот комесар и други високи офицери задолжени за истрагите.

Во интервју емитувано минатата среда полицискиот комесар Рони Алшеич тврдеше дека „моќни луѓе“ собираат информации за истражителите во случаите за Нетанјаху.

Нетанјаху одговори со фејсбук-пост, нарекувајќи ги тврдењата „смешни“ и велејќи дека коментарите на шефот на полицијата „фрлаат сенка“ врз истрагата. Следните денови Нетанјаху продолжи да ја критикува полицијата, како и шефот на единицата за спречување измама Лахав 433.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе