Израелска министерка во контроверзен предизборен спот се прска со парфем „Фашизам“ (ВИДЕО)

Израелската екстремно десничарска партија Хајамин хехадаш објави видео за изборната кампања во кое министерката за правосудство во елегантен костум се прска со парфем наречен „Фашизам“, предизвикувајќи со тоа експлозивна реакција на социјалните мрежи.

Министерката Ајалет Шакед со контроверзната реклама се вклучи во онлајн предизборната кампања. Политичките реклами на телевизија во Израел се дозволени само две недели пред изборите на 9 април па партиите и кандидатите се свртеа кон интернетот.

Агенциите пренесуваат дека рекламата поприлично личи на сатиричниот скеч на глумицата Скарлет Џохансон од 2017 во популарното шоу Сатрдеј најт лајв кога ја глумеше Иванка Трамп како го рекламира парфемот „Комплисит“ (Соучесничка).

Рекламата на израелската министерка, втора на листата на партијата Нова десница, привлече големо вниманието и досега е погледната повеќе стотици илјади пати.

Атрактивната министерка заводнички шепоти фрази како „реформа на правосудството“, „одвојување на власта“, „зауздување на врховниот суд“ за да се потсмева со обвиненијата за фашизам кои ги добива од критичарите.

На крајот на рекламата таа посегнува по шишенце парфем „Фашизам“ за обилно да се намириса.

„За мене, тоа е парфем на демократијата“, саркастично заклучува Шакед, но агенциите оценуваат дека не е баш јасно што сакала да порача.

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе

Додека Бугарите се убедуваат себеси и нас дека Гоце Делчев бил Бугарин, да се потсетиме на некои од Гоцевите искажувања, кои ја одразуваат неговата големина и неговото визионерство.

повеќе