Израелска компанија ги промовира скакулците како одржлив извор на прехранување

Израелска компанија ги промовира скакулците како одржлив извор на прехрана, а на прашањето дали тие инсекти се во согласност со верските правила (кошер), не е лесно да се одговори.

EPA-EFE

На фармата на компанијата Харгол фудтек скакулците се сместени во населба која некогаш била кокошарник. Таму ги чуваат во низа наредени, климатски контролирани кафези, каде во тримесечниот животен виклус го хранат со пченична трева пред да ги убијат и испечат/

Директорот на компанијата Дрор Тамир како дете слушал приказни за тоа како скакулците ги уништуваат полињата во неговиот кибуц. Но, ерменските Евреи кои живееле во близина не ги сметале скакулците за штетници туку за хранлив извор на нутриенти, се сеќава.

Кога пораснал Тамир станал претприемач и нутриционист кој е загрижен поради цената која планетата мора да ја плати за да ја снабди сѐ побројната човечка популација со храна.

Пред шест и пол години сфатил дека скакулците се решението и ја формирал компанијата Харгол, што на еврејски значи скакулец.

Целта му е неговата компанија да биде првата во светот која ќе одгледува скакулци на комерцијално ниво и на светт ќе му понуди поздрав и одржлив извор на протеини.

Експертите се сложуваат дека светот би можел да се соочи со голем проблем на снабдување со храна. Бидејќи се очекува до 2050 година на Земјата да живеат околу 10 милијарди луѓе, одгледувањето стока за храна ќе бара огромни површини земја и подеднакво огромно количество вода.

Тамир вели дека скакулецот е составен од 70 отсто протеини, и ги содржи сите аминокиселини и останати хранливи материи. Истакнува дека во нив нема ни заситени масти ни холестерол и дека содржат „само добри работи, ниедна лоша“.

Според неговата проценка околу 2,5 милијарди луѓе, главно во земјите во развој, конзумираат инсекти во рамки на редовната исхрана. „А од инсектите најмногу се јадат скакулци“, истакнува Тамир.

„Но кога ќе се обидете да им ги продадете на северноамерикански или европски клиенти, најтешко е да се надмине „бљак факторот““, додава тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе