Илјадници луѓе на улица

Израелците протестираат против Нетанјаху како никогаш досега (ВИДЕО)

Израелскиот премиер се соочува со критики за наводна корупција и за лошо постапување на неговата влада во кризата со коронавирусот.

Фото: ЕПА

Илјадници Израелци демонстрираа во Ерусалим, барајќи оставка на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кому му се суди за корупција и кој е обвинет дека не одговорил соодветно на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Помали протести се одржаа и во другите делови на Израел на големите раскрсници и пред куќата на Нетанјаху во крајбрежниот град Кесарија.

На главниот протест во Ерусалим, демонстрантите се собраа на влезот во градот и маршираа кон резиденцијата на Нетанјаху, носејќи израелски знамиња, како и црни знамиња што симболизираат едно од протестните движења.

Тие носеа и транспаренти на кои пишуваше „Доста поделби“ и „Ова не е политика, ова е криминал“.

Владејачката коалиција на Нетанјаху неделава привремено преживеа и избегна евентуален распад откако со неговиот поранешен ривал, сега коалициски партнер Бени Ганц, беше договорено гласањето за буџетот да се одложи до декември.

Доколку Ганц и Нетанјаху не успееја да се договорат за одложување на буџетот, владата ќе паднеше и ќе требаше да се одржат четвртите избори за помалку од две години.

Кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот долева оган на протестите затоа што по првичните успеси во запирање на ширењето на инфекцијата, Израел премногу брзо ја отвори својата економија во мај, што доведе до нагло зголемување на бројот на заразените.

Во таа земја се регистрирани повеќе од 113.000 заразени, а бројот на починати е близу 1.000.

На протестите учествуваат и оние што беа сериозно погодени од мерките на изолација во време кога невработеноста достигна околу 20 проценти.

Во меѓувреме, на Нетанјаху му се суди за измама и злоупотреба на довербата во три случаи, вклучително и еден за мито.

Многу демонстранти велат дека тој не треба да биде премиер кога му се суди за вакви сериозни злосторства.

Израелските медиуми објавија дека првпат мали протести се одржаа во 17 града низ светот во знак на солидарност со израелските демонстрации, меѓу кои и Берлин и Њујорк, и дека ова беше 11-та сабота по ред со протести во Израел.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе