Локалните здравствени власти кажаа дека во нападот се убиени најмалку осум лица, вклучувајќи петгодишно дете, а ранети се 44. Нападот следи по неколкудневните тензии по апсењето на палестински милитантен лидер во текот на неделата.
„ИДФ во моментов напаѓа во Појасот Газа. Прогласена е специјална ситуација на израелскиот домашен фронт“, соопшти војската.
The moment when Israeli occupation airstrikes targeted Palestine Tower in Gaza pic.twitter.com/UzTVC8wxrv
— PALESTINE ONLINE 🇵🇸 (@OnlinePalEng) August 5, 2022
Палестински џихадистички функционер кажа дека Тајср ал Џабари, висок командант на движењето Исламски џихад, е убиен во нападите, кои погодија повеќе цели во густо населено подрачје.
Нападите се случија откако Израел го уапси Басам ал Сади, висок лидер на палестинската исламистичка џихадистичка група, за време на рација во окупираниот Џенин на Западниот брег претходно неделава.
Потоа без затворени сите премини во Газа и на околните патишта поради страв од одмазда на групата со упориште во Газа.
Во соопштение објавено на телевизијата Ал Мајадин, на проиранскиот либански канал, исламистичкиот џихадистички лидер Зијад ал Нахала вети одмазда за нападите. „Нема црвени линии во оваа борба и Тел Авив ќе биде цел на гранатите на отпорот, како и други израелски градови“, кажа тој.
Газа, тесен појас копно на кој на 365 квадратни километри живеат 2,3 милиони луѓе, е постојана точка на судири уште откако Хамас ја презема контролата во 2007 година.
Израел води пет војни со Хамас во Газа од 2009 година, а последната беше во мај 2021, кога Хамас испука илјадници ракети врз Израел, а Израел одговори со воздушни напади на Газа.