Израел значително ги олесни мерките, вакцинирано е речиси пола население

Израел од денес значително ги намали ограничувањата во борбата против пандемијата, најавувајќи враќање во нормален живот, овозможено со вакцинирање на скоро половина од населението, пренесуваат светските агенции.

Фото: ЕПА

Продавниците се отворени за сите жители, а пристапот до места како што се теретани, хотели и кина е ограничен на лица кои примиле втора доза од вакцината пред најмалку една недела и на оние кои преболеле корона и на тој начин развиле имунитет.

Со таканаречените зелени пропусници, потврда што се добива со помош на апликацијата на Министерството за здравство, Израелците ќе го докажат својот здравствен статус.

И покрај големиот број вакцинирани лица во земјата, мерките за носење маски за лице и социјално дистанцирање сè уште се на сила, бидејќи сè уште нема научни докази дека вакцината спречува лицето кое ја примило, понатаму да го шири вирусот. Танцувањето е забрането, а синагогите, џамиите и црквите мора да го преполоват бројот на верници во споредба со вообичаениот број.

Олеснувањето на мерките една година откако Израел го забележа првиот случај на инфекција со коронавирус е дел од плановите на владата за отворањето на економијата, што ќе продолжи со нови олеснувања во март кога премиерот Бенјамин Нетанјаху е на реизбор.

„Ние сме првата земја во светот што се врати во живот благодарение на милионите купени вакцини. Вакцинирани сте? Набавете пропусница и вратете се во живот“, напиша Нетанјаху на Твитер.

Израелските медиуми известуваат дека поради преоптовареност, веб-страницата на која луѓето симнуваат пропусници не функционира.

Израел го вакцинираше населението со вакцината на Фајзер-Бајонтек, и досега повеќе од 46 проценти од девет милиони луѓе ја примиле првата доза, според министерството за здравство.

Во земјата се забележани повеќе од 740.000 случаи на заболени и 5.500 смртни случаи од оваа болест, што предизвика критики кон владата на Нетанјаху за неконзистентно спроведување на мерките за време на трите круга на затворање во земјата.

Основците и средношколците се вратија во училниците во оние градови каде епидемијата е под контрола, а другите ученици би требало по скоро една година настава на далечина, да се вратат во училниците од март.

Израел е земја која со вакцинирањето на населението најмногу се оддалечи во светот.

Во светот досега се дадени повеќе од 200 милиони дози вакцини. По Израел, кој со седум милиони дадени дози дал најголем број дози вакцини по глава на жител, следат Обединетите Арапски Емирати со 5,4 милиони дози.

Соединетите Држави дале околу 60 милиони дози (околу 18 дози на 100 жители), а од европските земји, Велика Британија е во водство со дадени околу 17 милиони дози (околу 25 дози на 100 жители), според податоците на светските медиуми како што се Њујорк Тајмс и Фајненшл Тајмс, кои го следат текот на вакцинацијата во светот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе