Израел започна да уништува палестински домови во близина на сепарацискиот ѕид (ВИДЕО)

Стотици израелски војници, придружени со булдожери започнаа да демолираат домови во палестинското село Сур Бахер, наспроти палестинските протести и меѓународните критики.

Жителите на селото во населбата Вади ал-Хумус за локалните медиуми денес објавија дека цел се 16 станбени објекти, во кои има околу 100 станови.

Израелската војска ги смета за безбедносен ризик домовите кои се во близина на израелскиот сепарациски ѕид кој поминува преку окупираниот Западен Брег, а локално од страна на Палестинците се нарекува „апартхејд ѕид“.

Израелскиот Врховен суд минатиот месец пресуди во корист на војската и го одреди понеделник за краен рок за уривање на домовите - чин кој Палестинците велат дека ќе постави преседан за другите градови долж трасата на бариерата, која се простира стотици километри околу и преку окупираниот Западен Брег.

Репортерот за Ал Џезира Роб Матесон известувајќи од областа на демолирање рече дека израелската акција претставува „многу мрачен и тажен ден“ за палестинските жители.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе